Системи за помош на возачот

Мислевме на сè и однапред испланиравме

На непрегледни градилишта и тесни шумски патеки или при силни ветришта на автопат: во Crafter Товарно, бројни иновативни системи за помош и безбедносни системи Ви помагаат кога ќе загусти. На тој начин, на дестинацијата ќе пристигнете сигурно и пред сè релаксирано.

Автоматско регулирање на растојанието ACC1 и систем за набљудување на околината "Front Assist"1 2

Автоматски ја приспособува брзината на онаа на возилото пред Вас и притоа го одржува растојанието претходно зададено од возачот. Во него веќе вклучениот систем за набљудување на околината "Front Assist" со City-функција за итно сопирање, во критични ситуации помага да се скрати растојанието потребно за сопирање.

Систем за помош при одржување на коловозна лента "Lane Assist"1

При случајно напуштање на коловозната лента, управува кон спротивниот правец и истовремено го предупредува возачот со предупредувачки тон, како и со напомена на повеќефункцискиот индикатор.

"Сензор за мртов агол" со систем за помош при излегување од паркинг-место1

Акустично Ве предупредува доколку при излегување од паркинг-место возејќи наназад се препознае критично приближување до друго возило. Ако возачот не реагира, системот преку интервенција со сопирање може да ги намали евентуалните последици од судирот или во оптимален случај да ги спречи.

Систем за помош при страничен ветер1

Како дел од електронската програма за стабилизација, при силни странични ветришта помага со автоматски интервенции со сопирање на тркалата.

Систем за помош во управување при паркирање "Park Assist"1

Го совладува паркирањето со повеќе маневри во надолжни паркинг-места. По поставување на степенот за возење наназад, возилото самостојно го презема управувањето. Возачот ги регулира само куплунгот, педалот за гас и сопирачката.

Регулирање на долгото светло "Light Assist"

Автоматски го намалува светлото доколку има возила пред Вас или отспротива, пред истите да бидат заслепени. По брзина од 60 km/h и при целосна темнина, долгото светло самостојно се вклучува при претходно активиран систем.

Пакет Светло и видливост (горна илустрација)

За подобра видливост, пакетот се состои од систем за вклучување на светлото за возење што автоматски го вклучува светлото за возење; регулирање на долгото светло, коешто автоматски се затемнува; и сензор за дожд што ги активира бришачите. Системот за помош за светло за возење со "Coming Home/Leaving Home" функција преку силното осветлување на околината на возилото придонесува за безбедноста и комфорот.

Заштита на страните на возилото базирана на сензори1

Ги надгледува страните на возилото и визуелно и акустично предупредува во случај на критично приближување до столбови, ѕидови и пешаци.

Систем за помош за приколка "Trailer Assist"1

Автоматски ги маневрира возилото и приколката во попречни паркинг-места и го олеснува прецизното приближување до платформи за товарање и други цели при возење наназад. Возачот мора само да постави степен за возење наназад, да го притисне копчето за помош при паркирање и со помош на прекинувачот за поместување на ретровизорите да го зададе правецот каде треба да заврти приколката.

"Park Pilot"

При паркирањето, дава звучни предупредувања за препознаени препреки напред и одзади и визуелно на дисплејот го покажува растојанието до препреките.

Камера за возење наназад "Rear View"1

Го олеснува паркирањето со тоа што на дисплејот на радиото или на навигацискиот систем3 прикажува ограничена слика на пределот зад возилото. Дополнителни помошни линии го помагаат процесот на паркирање.

Уред за регулирање на брзината

Зависно од нагорнината и надолнината, по брзина од 30 km/h ја одржува саканата брзина.

Контрола на притисокот во гумите1

За секоја гума го покажува актуелниот притисок и предупредува во случај на отстапување од потребната вредност.

Препознавање умор1

Преку визуелни и акустични сигнали, препорачува пауза штом препознае однесување коешто упатува на умор.

Систем за помош при возење по надолнини3 4

Со регулирање на бројот на вртежи на моторот и ако е потребно и преку интервенции со сопирање, овозможува контролирано и безбедно возење по надолнини.

Фарови со интегрирана функција на светло за свртување

При лоши временски услови, овозможуваат оптимална видливост. При вртење, фарот од внатрешната страна на кривината го осветлува работ на патот.

1 Во рамки на границите на системот
2 До 30 km/h
3 Достапно само во комбинација со навигацискиот систем "Discover Media"
4 Само во комбинација со погон на сите тркала 4MOTION

Затвори
Мени
Затвори мени

Crafter Товарно

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team