Товарен простор

Подготвен за товарање

Сакате да го користите товарниот простор како мобилна работилница? Crafter Товарно е како создаден за тоа. Тој сепак е единственото возило во неговата класа кај коешто на каросеријата сериски има подготовки за надградба со ормари. Освен тоа, по желба може да се одлучите и за други паметни решенија за товарање.

  • Дрвен под1
  • Универзален под1
  • Преграден ѕид без прозорец
  • Преграден ѕид со прозорец и заштитна решетка
  • Странична облога со средна висина од пластични шупливи плочи
  • Странична облога со висина до покривот од шперплоча
  • LED-осветлување на товарниот простор
  • Задни крилни врати

Дрвен под (горна илустрација)1

Вашиот товар оптимално стои на под од 10 mm од буково дрво1. Освен тоа, тој е особено стабилен и долготраен.

Универзален под1

Универзалниот под1 од дрво е најпогоден доколку дополнително сакате да ставите полици и системи на ормари од различни производители. Специјални адаптери овозможуваат едноставно фиксирање на ормарите во отворите. Освен тоа, шините за прицврстување се достапни по избор во надолжна или попречна насока.

Преграден ѕид без прозорец

Преградниот ѕид според DIN 75410-3 е целосно затворен. За високиот покрив, по желба достапна е кровна преграда над кабината на возачот. Таа е дел од сериската опрема кај супервисокиот покрив.

Преграден ѕид со прозорец и заштитна решетка

Преградниот ѕид со заштитна решетка и стакло го има во две варијанти: како затворен стаклен преграден ѕид или флексибилен лизгачки прозорец. Во двата случаи, стаклото е накосено. Со тоа, не се создаваат рефлексии во видното поле на возачот. Решетката ги штити стаклото, возачот и совозачот од на пр. ненадејно сопирање.

Странична облога со средна висина од пластични шупливи плочи

Облогата на товарниот простор со пластични шупливи плочи е особено робустна. Тие се монтираат од подот до парапетот и се многу лесни за чистење.

Странична облога со висина до покривот од шперплоча

Заради заштита на страничните ѕидови, шперплочите со висина до покривот се дебели 5 mm, отпорни на удари и издржливи.

LED-осветлување на товарниот простор

Четири LED-светла го осветлуваат товарниот простор светло и рамномерно.

Задни крилни врати

Двете задни врати со висина до покривот нудат агол на отворање до 180°. По желба, тој може да се зголеми на дури 270°.

1 Може да доведе до подолго време потребно за испорака

Затвори
Мени
Затвори мени

Crafter Товарно

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team