Затвори мени

Икона, од најнова верзија.

Дали нешто што е совршено може да се направи уште посовршено? Може да се направи обид: Оваа генерација на Multivan консеквентно продолжува со докажани сили и нуди многу врвни карактеристики! Создаден е иновативен придружник со најмодерни Infotainment системи, системи за помош на возачот и системи за безбедност при непроменета бескомпромисна повеќекратна функционалност. Робустниот и просторниот Multivan 6.1: Сестрано возило за сите оние чијшто живот е секогаш во движење.

Внатрешен простор 6.1

Фокус на иднината: Покрај новиот опционален „Digital Cockpit“ со големина од 26 cm (10,25 инчи) внатрешниот простор на Multivan 6.1 сјае со најмодерни можности на сериското поврзување преку најновата генерација на модуларниот Infotainment систем, вклучувајќи го екранот на допир со големина од 23 cm (9,2 инчи) во средишната конзола. Покрај тоа повишената седечка позиција и потпорите за ‘рбетниот столб со 4 начини кои може да се добијат опционално се грижат за извонредна удобност а многубројните прегради во возилото за високо ниво на преглед.

Дигитални прикази 6.1

Ваша нова контролна централа Digital Cockpit

Тахометарот од иднината: Кај Comfortline по желба класичниот приказ се менува со дисплеј со самостојно осветлување со големина од 26 cm (10,25 инчи) со висока резолуција - кај Highline тоа е сериски. Иновативната инструментна табла на возачот му дава многу дополнителни информации, кои се протегаат надвор од брзината и приказот за гориво.

Ваша Infotainment централа Навигациски систем Discover Pro

Без разлика дали сакате да телефонирате за време на возењето, потребни Ви се актуелни информации за случувањата во сообраќајот или едноставно сакате само забава: Опционалниот навигациски систем "Discover Pro" кој се ракува интуитивно, на пример со управувањето со гестови Ви нуди пристап до голем избор на корисни функции и притоа ги исполнува сите желби. На тој начин добро ќе стигнете до целта и притоа постојано најдобро ќе се забавувате.

Ваши влез во светот на иновативни онлајн услуги Volkswagen We Connect1

Multivan Multivan 6.1 есериски опремен со иновативни онлајн функции на „We Connect“1 како и со најновата генерација на „модуларниот конструкциски сет на Infotainment“. По желба, при Вашето возење може да бидете онлајн. Со „We Connect“1 очекувајте ги врвните перформанси коишто секое возење го прават уште покомфорно и побезбедно. Без разлика дали со информации за сообраќајот во реално време, ажурирања на мапи или пристап без клуч до возилото преку апликација - Вашиот Multivan 6.1 е најдобро поврзан. Добијте повеќе од само брзина и приказ за гориво.

Врвни перформанси за комфор 6.1

Направете да Ви биде удобно во Вашиот Multivan 6.1: Обемната и видливо проширената сериска опрема како и комфорните дополнителни опции придонесуваат кон некомплицираното ракување на ниво на патничко возило. На тој начин, можете секој ден да уживате сосема опуштени зад управувачот.

Електромеханичко управување

Лесно до целта

Електромеханичкото управување во Multivan 6.1 Ви нуди активна и адаптивна поддршка скоро во сите возни ситуации. Покрај тоа, новиот вид на серво концепт ја гради основата за најмодерните системи за помош на возачот во Multivan 6.1.

Понуда за седишта

Голем комфор при седење

Multivan 6.1 фабрички располага со особено удобни седишта со потпори за 'рбетниот столб кои електрично се поставуваат на 4 начини и кои може опционално да се добијат. Уникатни: Поединечните седишта кои се достапни во возилото може веднаш да се поместат ротационо и варијабилно.

Интерфејс за мобилен телефон "Comfort"

Најдобро поврзани.

Серискиот интерфејс за мобилен телефон "Comfort" Ви ја олеснува комуникацијата и во зависност од моделот Вашиот паметен телефон безжично се полни. Вашите раце остануваат онаму, каде што припаѓаат: безбедно на управувачот.

Возна динамика 6.1

Технологија на мотори со голема ефикасност во Multivan 6.1 се одликува со моќност, влечна сила и штедливост. Совршениот избор кога многу патувате, а покрај тоа сакате да уживате во возна динамика на највисоко ниво.

Мотори

Голема влечна сила, силна тракција.

Multivan 6.1 е достапен со разни варијанти на мотор и менувач. Менувачот со двојна спојка (DSG) без пресметување на влечната сила кој може опционално да се добие покрај тоа е особено комфорен и штедлив. Со достапниот погон на сите тркала 4MOTION 6.1 и понатаму останува најдоброто теренско возило од неговата класа.

Системи за помош на возачот 6.1

Автоматско регулирање на растојанието ACC

Автоматското регулирање на растојанието2 автоматски ја приспособува претходно поставената брзина на брзината на возилото пред Вас и притоа го одржува растојанието зададено од возачот.

Филмот за системите за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Систем за помош при одржување на коловозната лента

Автоматското регулирање на растојанието2 автоматски ја приспособува претходно поставената брзина на брзината на возилото пред Вас и притоа го одржува растојанието зададено од возачот.

Филмот за системите за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Систем за помош при страничен ветер

Затоа што може да дува ветер од сите страни: Системот за помош при страничен ветер2 како делумна функција на електронската програма за стабилизирање  му помага на возачот при силен и бурен страничен ветер со автоматски интервенции во сопирање на тркалата.

Филмот за системите за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Систем за помош при паркирање "Park Assist"

Системот за помош при паркирање2 му помага на возачот со преземање на движењата на управувачот за паркирање на возилото.

Филмот за системите за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Странична заштита

Во Multivan 6.1 целосно уживајте во безбедност: Страничната заштита2 ги надгледува страните на возилото и предупредува оптички и акустично во рамките на нејзините можности при критични приближувања до препреки и лица.

Филмот за системите за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Систем за помош при излегување од паркинг место

Системот за помош при излегување од паркинг место нуди функција за предупредување од сообраќај зад возилото при излегување од паркинг место и маневрирање. Тоа овозможува намалување на незгода со интервенција на автоматска вонредна сопирачка во критични ситуации.

Филмот за системот за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Регулирање на долгото светло “Light Assist“

Регулирањето на долгото светло автоматски се затемнува при возила кои доаѓаат од спротивната страна или возила кои возат пред Вас, пред тие да бидат заслепени. Од 60 km/h и при целосна темнина долгото светло самостојно се вклучува при претходно активиран систем.

Сликата за системот за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Оставете го Multivan 6.1 да Ве инспирира

Start Video
Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team