Мени
Затвори мени

6.1.2019 Volkswagen Комерцијални возила со 409.300 испораки годинава

Volkswagen Комерцијални возила испорачале 409.300 возила на купувачи ширум светот од јануари до октомври оваа година. Овие бројки се речиси идентични со бројот на испорачани возила во претходната година, што првенствено се должи на одложувањата за привремена испорака предизвикани од WLTP сертификатите во Европа, но исто така и на постојано нестабилните пазарни ситуации во Турција и Мексико.

Хајнц-Јирген Лев, член на одборот за продажба и маркетинг изјави: "Прилагодувањето на WLTP методите за тестирање во моментов влијае врз нашите бројки за испорака. Сепак, овој временски пресврт го земавме во предвид уште од самиот почеток. По малку, нашите модели на патнички автомобили сега ги добиваат своите сертификати и можат да им бидат предадени на клиентите."

Во Западна Европа 277.600 возила им беа предадени на купувачите во првите десет месеци од годината (+0.1%). Ова го става брендот на нивото од претходната година. Домашниот германски пазар изнесува 103.400 возила (+1.7 проценти), клучните пазари во Шпанија за 13.400 возила (+8.1 проценти) и Велика Британија за 39.700 возила (+1.7 проценти).

Volkswagen Комерцијалните возила испорачале 34.300 возила во Источна Европа, 4,2 % повеќе од пред една година.

Брендот од Хановер, исто така, забележа раст во испораките во Африка (+25.7% до 15.200 возила), Јужна Америка (+10.3% до 38.000 возила) и Азиско-пацифичкиот регион (+3.1% до 22.100 возила).

Преглед на светски испораки помеѓу јануари и октомври според производна линија:

• 165.900 возила од производот Т (170.100; -2.5%) *

• 130.800 возила од линијата Caddy (137.800; -5.1%) *

• 67.700 возила од производот Амарок (65.200, +3.7 проценти)

• 45.000 возила од производната линија на Crafter (37.800, +19.0 проценти)

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team