Затвори мени
Start Video

Новото Caddy

 

Нова генерација на стил.

Нова самодоверба: новото Caddy е комплетно редизајнирано. Покрај новиот возбудлив дизајн, Caddy 5 е опремено со врвни и најмодерни системи за помош на возачот, висококвалитетен дигитален кокпит и напреден инфо-забавен систем (Innovision Cockpit) и мобилни онлајн услуги. Caddy 5 и понатаму останува доверлив, флексибилен и неизоставен дел од Вашето секојдневие - а сега и уште подобро подготвено за она што животот на денешницата го носи со себе.

Евидентен напредок

Внатрешност

Интуитивно за ракување

Внатрешноста на Caddy е целосно одново конципирана и притоа уште повеќе дигитализирана. Поради тоа, за првпат во ова сенаменско возило, опционално ќе биде достапен дигиталниот кокпит. Притоа, дигиталниот кокпит и инфо-забавниот систем формираат едно високо модерно дигитално опкружување (Innovision Cockpit). Дигитализирани се и многу други контролни елементи: тука припаѓа и модул со копчиња за функциите на светлата поставени лево од мултифункционалниот управувач, како и нов модул под инфо-забавниот систем со копчиња за директен влез во различни функции на менито. Дополнително, Caddy 5 е опремен и со активна вентилација на просторот за патници, комфорни ергономски седишта, нов концепт на седење што нуди две поединечни седишта во третиот ред за седење и многу повеќе.

Дигитални прикази

Сè во видното поле

Дисплејот на дигиталниот кокпит е креиран јасно и е збогатен со со контрасти; има дијагонала на екранот од 25,4 cm. Возачот може да избира помеѓу три различни прикази на екранот. Тоа се одвива преку копчето View во новиот повеќефункциски управувач. Во првата конфигурација, во округлите инструменти интерактивно се прикажуваат бројачот на вртежен момент и тахометарот; во средината на екранот се осветлува ниво што може индивидуално да се избере - телефонскиот именик на паметниот телефон. Дигиталниот кокпит се поврзува заедно со врвниот инфо-забавен систем како максимално ниво на проширување на Innovision кокпитот со многубројни дополнителни функции.

Врвни комфорни карактеристики

Карактеристичен дизајн

Во поглед на технологијата и опремата на Caddy 5, кое може да има до седум седишта, има бројни нови функции: во нив спаѓаат опционалните електрични механизми за помош при повлекување на лизгачките врати и задната врата, како и панорама покривот со стаклена површина од 1,4 m2, којшто се протега преку првиот и вториот ред седишта. Нови се и 18-инчните тркала од лесен метал, како и новите LED предни и LED задни светла коишто се дел од сериската опрема во врвната верзија. За првпат во Caddy достапен е систем за стартување и затворање без клуч Keyless Access (накратко Kessy).

Мотор

Економично и комфорно

Новото Caddy е достапно со дизелски или бензински мотор. Станува збор за мотори од следната развојна фаза, коишто го исполнуваат стандардот за издувни гасови Euro 6 од 2021 година и интегрално се опремени со филтри за честички. Зависно од верзијата на погонот, потрошувачката на новото Caddy во споредба со претходникот може да се намали за до 12 проценти.

Модерни системи за помош на возачот

Значителнопоголем комфор

Со опционалните модерни системи за помош на возачот во новото Caddy може сосема опуштено да уживате во секое возење: благодарение на системот за помош при менување на коловозната лента, предупредувањето за сообраќај одзади, системот за помош за приколка и системот за помош во возење со системот за итен случај, ќе патувате безбедно.

We Connect

Најудобно до сега: Новата дигитална мобилност

Паметни основни функции, по желба во секое ново Caddy, услуги од We Connect, бројни дополнителни функции со We Connect Plus: за Вашиот влез во дигиталната мобилност да биде што е можно поедноставен и поудобен, ние скроивме три практични пакети со понуди за Вас. Кој од нив Ви одговара?

Самоуверениот Caddy

Инфоматеријал за новото Caddy 5

Потребен ви е ценовник, или сакате да го разгледате каталогот?
Превземете ги материјалите на вашиот мобилен телефон, компјутер или таблет во секое време.

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team