За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Затвори мени

Transporter 6.1 Комби

 

Еден, кој дава сé

Веќе од 1950 година Transporter Kombi импресионира со редови на седишта кои лесно се демонтираат за едноставно префрлување меѓу превоз на лица и транспорт на стока. Варијабилниот внатрешен простор и различните варијанти на седишта нудат решение практично во секоја ситуација.

Сами создадете си слика од Transporter 6.1 Комби

Варијанти на опрема

Особено импресивен

Особено варијабилен

Многустран како Вашето секојдневие

Повеќе тури. Поголеми барања. Повеќе задачи. Transporter Kombi ги има правилните квалитети за тоа. Благодарение на голема слобода за главата во внатрешниот простор, секое место за седење е еднакво комфорно. Покрај тоа, благодарение на клупите и седиштата кои може брзо да се извадат, тој е спремен да помогне и при големи задачи за транспорт.

  • Место за до девет лица
  • разни варијанти на седишта
  • Easy-Entry функција од двете страни - кај две лизгачки врати
  • сите потпирачи може целосно да се склопат
  • издржливи навлаки за седишта
Робустен внатрешен простор

Создаден за најтешките задачи

Оној кој ги врши навистина тешките задачи, не смее да биде премногу чувствителен на прашина, кал, боја или струготини. Затоа внатрешниот простор на Transporter Kombi може многу да издржи: благодарение на навлаките за седишта кои се особено отпорни на нечистотија. А облогите на контролната табла, на вратите, страничните облоги како и облогите на деловите за поместување на седиштата се во темен антрацит.

Најмодерни системи за помош

Релаксирано на пат

На непрегледни градилишта, во тесни градски улици или при налет на ветер на автопат: во Transporter 6.1 Kombi Ви помагаат голем број на иновативни системи за помош и безбедносни системи, доколку настане тешка ситуација. На тој начин до целта ќе пристигнете добро и пред сé релаксирано.

Лизгачки врати

Брзо влегување и излегување

Лизгачката врата со нејзината високо ефективна ширина на отворање од 1.017 mm 1 2 го олеснува влегувањето.

Флексибилни седишта

Од 9 до возило за испорака за неколку минути

Морате ли често на градилиште да ја носите целата работна сила? Или почесто транспортирате голем товар од материјали? Со кратко или долго меѓуоскино растојание, четири до девет седишта, со или без Easy-Entry функција3 Вашиот Transporter 6.1 Kombi најдобро одговара за сите предизвици. Дел од безбројните посебни опреми можете да погледнете тука.

Сите Варијанти

Склопливи окца за прицврстување

Седиште, кое се приспособува и не се ниша

Transporter 6.1 Kombi има многу место за Вашата екипа, Вашите материјали или алати - и уште повеќе окца за прицврстување за да можете сé добро да фиксирате. Нивната максимална влечна сила изнесува 250 daN.