Системи за помош на возачот Т6.1

Секој ден поопуштени на пат

Кога сте на пат мора да се справувате како со временските услови така и со условите во сообраќајот. Доброто е што притоа во Transporter Т6.1 не сте сами.

Систем за помош при страничен ветер1

Го стабилизира возилото при силен страничен ветер преку автоматска интервенција во сопирањето. Филмот за системот за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Странична заштита1

Ги набљудува страните на возилото и на дисплејот на Infotainment системот ги прикажува критичните приближувања кон столпчиња или ѕидови. Филмот за системот за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Систем за помош при одржување на коловозната лента "Lane Assist"1 2

Ја регистрира со помош на повеќефункциска камера сопствената коловозна лента и го одржува возилото во лентата преку интервенции врз управувачот. Филмот за системот за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Автоматско регулирање на растојанието ACC со вклучен систем за набљудување на околината "Front Assist" со City-функција за вонредно сопирање1

Автоматски ја приспособува брзината на возилото пред Вас и притоа го одржува растојанието зададено од возачот. Филмот за системот за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Систем за помош во маневрирање при паркирање "Park Assist"1

Помага при паркирањето во попречни и надолжни места за паркирање, на тој начин што самостојно ги извршува оптималните движења на управувачот, додека возачот треба да ги користи само педалот за гас, сопирање и куплунг. Филмот за системот за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Систем за помош при излегување од паркинг-место1

Ви помага при излегување од паркинг-место со возење наназад. Доколку возачот не реагира на предупредувачкиот звук при критично приближување на возило, се врши интервенирање врз сопирањето. Филмот за системот за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Систем за помош при маневрирање со приколка "TrailerAssist"1

Го поедноставува управувањето на композицијата со приколка при маневрирање во попречни места за паркирање како и при прецизно возење наназад за управување на рампи за товарање и други цели. Филмот за системот за помош со примери го прикажува моделот Crafter.

Индикатор за контрола на притисок во гуми (горна илустрација)1

Го информира возачот пред и за време на возењето за моменталниот притисок во гумите и предупредува при губење на притисокот. Во секое тркало има сензори кои преку далечински управувач даваат податоци за притисокот и температурата.

 

Систем за препознавање сообраќајни знаци (горна илустрација)1

Ги регистрира  со посебна камера ограничувањата на брзината, забраните за претекнување, како и периодичните ограничувања и ограничувањата што зависат од временските услови и го информира возачот во повеќефункцискиот индикатор.

 

Систем за помош при возење по надолнини (горна илустрација)1 3

Со регулирање на бројот на вртежи на моторот и ако е потребно со интервенции врз сопирањето се грижи за контролирано и комфорно возење по надолнини.

Im Rahmen der Grenzen des Systems.

Der Fahrer muss jederzeit bereit sein, das Assistenzsystem zu übersteuern, und wird nicht von seiner Verantwortung entbunden, das Fahrzeug umsichtig zu fahren.

Nur in Verbindung mit Allradantrieb 4MOTION erhältlich.

Возилото до сега сè уште не е понудено на продажба во Австрија. Нема приложени усогласени протоколи за проверка односно официјални вредности на потрошувачка. На оваа страна на моделот се опишани опремите. Не се одговара на тоа, дали кај конкретната опрема се работи за сериска или за опција со дополнителен надомест. За подетални информации во врска со точниот обем на опремата на возилото (сериска опрема/дополнителна опрема) односно за задолжителните комбинации, Ве молиме обратете се кај дилерот на Volkswagen Комерцијални возила во кого имате доверба или искористете го нашиот конфигуратор за Volkswagen Комерцијални возила. Возилата прикажани во приказот, можат во поединечни детали да отстапуваат од моменталната австриска програма на испорака. На илустрацијата се прикажани дел од посебните опреми по дополнителна цена. Сите бруто цени се необврзувачки, неконкурентни препорачани цени со вкл. 20 % ДДВ, NoVA земајќи го во предвид NoVA попустот и додатокот согласно § 6 од NoVAG и трошоците за транспорт. Поради подобра читливост на текстовите го избираме или машкиот или женскиот род кај зборови што се однесуваат на лица. Тоа во никој случај не имплицира на запоставување на другиот пол. Ви благодариме на разбирањето.

Затвори
За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Затвори мени

Transporter Т6.1 Товарно