Мени
Затвори мени

Новиот Multivan Варијанти на моделот

Новиот Multivan Варијанти на моделот

Multivan

Карактеристики на опремата на Multivan (избор)

Пет единечни седишта (што се вадат / поместуваат)

 

  • Две лизгачки врати
  • Целосни LED фарови (ECO) & LED задни светла
  • 100 % Shift-by-Wire (DSG)
  • 25,4 cm (10") Инфо-забавен систем со Digital Cockpit "Basic"
  • Систем за помош при одржување коловозна лента, Front Assist и GRA

 

Конфигурирање на Multivan

Eco

Карактеристики на опремата Eco (избор)

  • Пет единечни седишта (што се вадат / поместуваат)

  • Две лизгачки врати
  • Целосни LED-фарови (ECO) & LED задни светла
  • 100 % Shift-by-Wire (DSG)
  • 25,4 cm (10") Инфо-забавен систем со Digital Cockpit "Basic"
  • Систем за помош при одржување коловозна лента, Front Assist и GRA
  • Пакет eHybrid Economy

Конфигурирање на Multivan Eco

Business

Карактеристики на опремата на Business (избор)

  • Клима-уред "Air Care Climatronic"
  • Навигациски систем "Discover Media"
  • Пакет Светло и видливост
  • IQ.Light - LED-Matrix фарови
  • Прозорци затемнети од В-столбот

Конфигурирање на Multivan Business

Life

Карактеристики на опремата на Life (избор)

  • Седум единечни седишта (што се вадат / поместуваат)
  • Потпирач(и) за раце од внатрешната страна на седиштата (што може да се извади и повторно да се постави) во 2. ред на седишта
  • Електрични потпори на `рбетниот столб / лумбални потпори напред
  • 4x USB-отвори за полнење во просторот за патници
  • 4 тркала од лесен метал "Syrakus" 6,5 J x 16, во сребрена боја
  • Пакет Светло и видливост

Конфигурирање на Multivan Life

Style

Карактеристики на опремата на Style (избор)

  • Амбиентално осветлување
  • Навлаки за седишта во "ArtVelours"
  • Клима-уред со 3 зони "Air Care Climatronic"
  • LED Matrix "IQ. Light" со заштитна решетка на ладилник осветлена одзади
  • 4 тркала од лесен метал "Dundrod" 6,5 J x 17, во црна боја, сјајна површина при вртење
  • Електрични лизгачки врати

Конфигурирање на Multivan Style

"Energetic"

Карактеристики на опремата на "Energetic" (избор)

  • Навигациски систем "Discover Media" со 25,4 cm (10") дисплеј во боја на допир
  • Панорамски стаклен покрив
  • IQ.Light - LED-Matrix фарови со заштитна решетка на ладилник осветлена одзади
  • Електрична задна врата со функција "Easy Open" и "Easy Close"
  • Повеќефункциска масичка што може да се поместува во целото возило
  • Конфигурирање на Multivan Energetic

Конфигурирање на Multivan Energetic

Посебниот модел

Новиот Multivan Energetic

Навремено до стартот на седмата генерација ви претставуваме Multivan, каков што немало никогаш досега: Multivan Energetic. Во него ги нема само познатите гени на Bulli, туку и многу енергија. Сериски опремен со седум поединечни седишта, Plug-in хибридот во е-режим при соодветно наполнета батерија може да се движи низ град целосно електрично.

Со тоа совршено одговара за модерни семејства, кои бараат компромис меѓу задоволството за време на возењето и штедењето CO2. Покрај тоа, сјае со многу сериски додатоци, кои го одразуваат вашиот урбан животен стил.

Прикажи сериска опрема

Конфигурирање на Multivan Energetic

Врвни перформанси на Multivan Energetic

Панорамски стаклен покрив

Акумулирање сончева светлина за време на возењето

Посебна врвна карактеристика на Multivan Energetic е големиот, дводелен панорамски стаклен покрив2. Се протега од кокпитот до вториот ред седишта. Со тоа внатрешниот простор делува уште попросторно и посветло, без да се загрева. Затоа што т.н. облога со ниска емисивност апсорбира до 78% од соларната енергија што зрачи.

Повеќефункциска маса

Маса со многу можности

Многустрана како Multivan Energetic е и неговата повеќефункциска маса3. Како средишна конзола меѓу седиштето на возачот и совозачот, покрај три држачи за чаши таа нуди и практична отворена преграда. Покрај тоа на нејзината задна страна може да се смести шише од 1,5 литри. Во случај повеќефункциската маса да се стави во просторот за патници, таа може да се повлече наназад на средишната шина, безбедно да се фиксира и да се отвори како крилна маса во неколку потези. Со тоа се создава дополнителен простор за сместување под масата.

Амбиентално осветлување

Се прилагодува на расположението

Вие сами одлучувате дали новиот Multivan Energetic секој ден ќе зрачи во друго светло. Со амбиенталното осветлување4 во 30 бои внатрешниот простор и инструментната табла ги менувате според вашите желби во потопли или поладни бои. Доколку повеќе би патувале динамично, можете на пример да изберете спортска црвена позадина. Ноќе префрлете на смирувачка сина. Вашата креативност скоро и да нема граници.

IQ.Light - LED-Matrix фарови

Фарови, кои мислат заедно со вас

LED-Matrix фаровите5 не само што изгледаат добро. Тие исто така и мислат и управуваат заедно со вас. Причина за тоа се LED сијаличките кои поединечно се управуваат. Ако на пример се приближувате до возило од спротивната страна, долгото светло автоматски постепено ќе се исклучи. Но работ на коловозот и понатаму ќе остане добро осветлен. Резултат: Гледате многу појасно, но не ги заслепувате учесниците во сообраќајот од спротивната страна. Атрактивниот преден дел дополнително ќе се издигне со LED светлосна лента, која се протега преку решетката.

Електрична задна врата

Се отвора автоматски на ваш знак

Често двете раце ни се зафатени. Затоа предност е кога доволно е мало движење со стапалото за да се отвори патот. Кај новиот Multivan Energetic на овој начин можете да ја отворите задната врата сосем лесно - а вашите торби за пазарење или вашиот багаж директно да ги натоварите. Мора само да задржите стапало под задниот браник. По товарањето, електричната задна врата исто така лесно се затвора со притискање копче. На тој начин со "Easy Open" и "Easy Close"3 ја штедите многу сила. А исто така и малку време.

Линиите на опрема

Новиот Multivan Style

Седите повисоко отколку во многу теренски возила, но исто удобно како во премиум возило? Тогаш најверојатно сте седнале во новиот Multivan Style. Неговото ниво на опрема свесно се ориентира кон големата флексибилност, функционалната варијабилност и големина соодветна за едно семејство како кај висококвалитетните возила.

Сето тоа новиот Multivan Style го прави идеално возило за оние кои се самостојни, кои често се движат во урбани средини. И за модерните родители, кои мора да се справат со нивните деца.

Прикажи сериска опрема

Конфигурирање на Multivan Style

Врвни перформанси на Multivan Style

Клима-уред „Climatronic“

Секогаш пријатно темпиран

Во новиот Multivan Style за време на жешките летни денови ќе се чувствувате исто пријатно како за време на деновите кога има мраз и снег. Затоа што неговиот целосно автоматски Climatronic5 со 3 зони по желба се грижи за пријатна клима уште пред започнувањето со возењето. Едноставно отворете ја апликацијата We Connect App6 7 - и добро проветрете го внатрешниот простор, во случај да сте паркирале на место каде има многу сонце. Покрај тоа, може засебно да ја поставите температурата за делот на возачот, совозачот и патниците. Во позадина, сериската "Air Care" функција во сите клима уреди ги филтрира повеќето алергени од воздухот, на пример, полен од цвеќиња. На тој начин можете да дишете уште послободно.

Digital Cockpit „Pro“

Сè е прашање на поставувањето

Од кренатото седиште на возачот секогаш ќе имате добра прегледност на состојбата во сообраќајот - и сите релевантни информации ќе ви бидат пред очи. Елегантно интегриран во лебдечката инструментна табла, Digital Cockpit со висока резолуција "Pro"8 ви нуди мноштво можности за поставување. Изберете помеѓу трите изгледи на вашиот омилен екран. Или произволно конфигурирајте го распоредот за две очи. Музички наслови со оригинална насловна страна, телефонски контакти со меморирани портрети, радиостаници со лого: Тука скоро се е возможно. Дури и приспособување на боите преку амбиенталното осветлување или приказот на голема навигациска мапа9.

Навлаки на седиштата и декоративни облоги

Врвен дизајн на ентериерот

Во внатрешноста, новиот Multivan Style ви ги искажува сите почести. Декоративните облоги инспирирани од скапоцени дрва "Dark Woodgrain Optic"10 го облагородуваат кокпитот, исто како што тоа го прават и елегантните навлаки од микро флиз. Посветлата песок-беж боја Sandwick и потемната боја Raven слична на антрацит на страничните облоги се стилски преземени кај седиштата "ArtVelours"11. На тој начин се создава ентериер што делува хармонично и благодарение на двете бои зрачи со леснотија.

LED Matrix фарови и LED светечка лента

Тука тие си одговараат

IQ.Light - LED Matrix фаровите5 и LED светечката лента4 даваат еден посебен светлосен акцент. Втората е интегрирана во горниот заштитен капак на ладилникот и ги поврзува двата предни фара во една компонирана целина. Резултатот: уникатната фигура на светлината, којашто ви е веќе позната од другите нови модели на Volkswagen. А таа стои добро и на вашиот нов Multivan Style.

Амбиентално осветлување

Затоа што и тие мислат со вас

Вкусот е лична работа. Поради тоа, ви ја даваме слободата дури и најмалите детали во новиот Multivan Style да ги приспособите на вашиот стил. Да почнеме со дизајнот на светлата. Тука може на дисплејот на допир во боја на инфо-забавниот систем да ги изберете вашите омилени од повеќе меморирани бои. На располагање ви стојат вкупно 30 различни нијанси4. Така може на пр. внатрешниот простор на вашиот нов Multivan Style да го осветлите соодветно на надворешниот лак.

Новиот Multivan Life

Новиот Multivan Life има многу предности што ви се потребни за вашето секојдневие или за едно релаксирано патување. Ново подвозје коешто кај сите модели на Multivan е толку комфорно приспособено, како што би се очекувало од едно семејно возило. Ентериер во којшто постојано добро се чувствувате и којшто може да го приспособите на вашите потреби. Сериски инфо-забавен систем кај сите варијанти на опрема, кој вам ви нуди скоро се.

И бројни системи за помош на возачот, коишто ве придружуваат на патот кон новото време. Накратко: Во новиот Multivan Life, целото наше внимание го свртивме кон комфорот при возењето. Со цел вие и вашите најмили да патувате што е можно поудобно.

Прикажи сериска опрема

Конфигурирање на Multivan Life

Врвни карактеристики на Multivan Life

Седум седишта

Многу простор за многу седишта

Кој би сакал да патува сам кога позабавно е кога се четворица, петмина или седуммина? Новиот Multivan Life ви нуди доволно простор за целото семејство или за излет со најдобрите пријатели. Неговите седум удобни поединечни седишта12 се насочени во насока на возењето. Секој ќе може да види каде ве води патот. Освен тоа, триетапните сигурносни појаси со затегнувачи на појасите и страничните воздушни перничиња овозможуваат висок степен на пасивна безбедност.

Светло и видливост

Ви дава светлина кога таа ви е потребна

Секогаш добра видливост. Тоа го ветуваат комфорните функции на Светло и видливост12, кои делумно се управувани од сензор за светло и дожд. Тука меѓу другите спаѓаат автоматското вклучување на светлото за дневно возење со систем за помош за светло за возење и автоматскиот систем за бришење стакла со повеќе степени, чиишто интервали може континуирано да се приспособат на количината дожд. Штом пристигнете дома, функцијата "Coming home" ви го осветлува патот до влезната врата. А доколку поаѓате навечер, вашиот нов Life веќе ве очекува - со светлото "Leaving home".

16-инчни тркала од лесен метал „Syrakus“

Сјај во сребрена боја

Што имаат заедничко "Syrakus"13 тркалата од лесен метал и елегантниот дизајн со 10 крака со комфорот? На прв поглед, не многу. Но, многу доколку погледнете подобро. Бидејќи нивниот дијаметар од 16 инчи овозможува релативно високи странични ѕидови на гумите. А тие издржуваат доста работи. На пример, кај ниски рабови на тротоарите, коишто со повеќе гума значително полесно се преминуваат. И помалите нерамнини на патот подобро се прикриваат. Резултат: помалку удари, повеќе комфор во секојдневието.

Шест USB C интерфејси

Места за полнење за сите – и напред и одзади

Два USB C интерфејси во кокпитот, четири USB C приклучоци за полнење12 во просторот за патниците: Во новиот Multivan Life, секој член од семејството може да го снабди неговиот паметен телефон или таблет со струја. Без разлика каде седи. Со тоа се гарантира доброто расположение за време на возењето. А кога ќе пристигнете, ќе имате и полна батерија.

Помош за паркирање во предниот и задниот дел

Дава звук пред да се удрите

Со повеќе деца во возилото, прегледноста брзо се губи. Тогаш голема придобивка е да добиете помош при влегувањето и излегувањето од паркинг местото, на пример со сериската помош при паркирање14. Повеќе сензори ја контролираат патеката на движење во предниот и задниот дел. Доколку стане тесно, системот може звучно и визуелно да ве предупреди. На тој начин, со новиот Multivan ќе паркирате со леснотија слична на онаа при паркирање со пократките возила.

Навлаки на седиштата и декоративни облоги

Совршено вклопени

Ентериерот во новиот Multivan Life одушевува со висококвалитетните материјали и нивната првокласна обработка. Сите поединечни седишта се удобни, имаат совршена контура и се со издржливи навлаки од двобоен текстил во дезен "Ribella"15. Комбинацијата на бои од беж Sandwick и антрацит Raven се повторува во целиот внатрешен простор. На тој начин се создава една хармонична целина, мајсторски акцентирана преку декоративната лента "Dark Silver Brushed"16.

Новиот Multivan

Некои во новиот Multivan гледаат класичен почетен модел. Само еден поглед во обемната сериска опрема брзо ќе го промени нивното мислење. Бидејќи дури и основната линија на опрема изненадува со многуте предности.

Вистината е: Новиот Multivan е уште подобро приспособен за младите родители со мали деца. Материјалите, бројните можности за сместување и солидната обработка го прават возило за сите прилики. А тој е и добра алтернатива за семејства коишто уште возат лимузина или комби.

Прикажи сериска опрема

Конфигурирање на Multivan

Врвни перформанси на Multivan

Две лизгачки врати

Сега кај сите линии на опрема

Една лево, една десно: За првпат, сите варијанти на моделот се сериски опремени со две лизгачки врати. Тоа го прави новиот Multivan толку соодветен за секојдневието и толку сестран како никогаш порано. На пример, вашите деца отсега ќе може од двете страни да ги кренете на седиштата и да ги врзете со појас. Дополнителното влегување во просторот за патници за таа цел веќе е минато. И ставањето и вадењето на товарот е значително полесно. Вашите намирници ги ставате едноставно таму каде што има место - или од која и страна да ви одговара.

Повеќефункциски кожен управувач

Прави да се чувствувате добро

Во новиот Multivan има значително повеќе функции од кога било претходно. Со дел од нив може да ракувате и директно од управувачот. Сакате да деактивирате систем за помош на возачот? Или да прифатите повик? Сакате да прелистате низ вашата музичка библиотека? Или рачно да префрлите во повисок степен? Ништо од тоа не претставува проблем. Вашите раце остануваат цело време на менувачот, којшто веќе сериски е пријатно облепен со кожа што убаво се фаќа и е опремен со прекинувачи за менување степени.

LED фарови и задни светла

Го привлекува вниманието

Новиот Multivan од далеку се забележува. И главните LED фарови и задните светла во LED технологија веднаш го привлекуваат вниманието кон возилото - и дење и ноќе. Но и без тоа, предните фарови може да бидат лесно забележливи. Нивната тесна градба ја следи висината на црниот капак на ладилникот и во хоризонтална линија ги продолжува нанадвор. Резултат: Новиот Multivan делува уште поширок, неговиот преден дизајн е уште похаризматичен и подинамичен.

Систем за помош при одржување коловозна лента „Lane Assist“

Останете во вашата лента

Системот за помош при одржување на коловозната лента на долги патеки може да ја зголеми безбедноста при возењето и забележливо да го зголеми комфорот при патувањето. Штом повеќефункциската камера ќе ја регистрира вашата коловозна лента, системот автоматски се активира. Доколку потоа се приближите преблизу до белите или жолтите ознаки на коловозот, возилото коригира со управување17. Со звучен сигнал и напомена на повеќефункцискиот индикатор, од вас се бара повторно да го преземете управувањето.

Digital Cockpit и радио

Се на екранот

Во новиот Multivan, дигиталната иднина е веќе впечатливо интегрирана. Во средината се наоѓа радиото "Ready 2 Discover" со дисплеј на допир во боја од 25,4 cm. Би можеле и да кажеме: Вашата контролна централа. Бидејќи тука не бирате само радио програма. И апликациите за паметниот телефон, In-Car апликациите, клима-уредот и многу други функции на возилото се контролираат од таму. Лево до неа: Digital Cockpit. Тој дополнително ви нуди актуелни податоци за возењето и други основни функции. Сето ова не е само најава за иднината, туку веќе е сериска опрема.

Електрични надворешни ретровизори

Сериски со можност за склопување

Надворешните ретровизори луксузно лакирани во црна боја може електрично да се поставуваат и по потреба засебно да се загреваат. Откако ќе го паркирате новиот Multivan и ќе го заклучите со клучот за далечинско управување, двата надворешни ретровизори автоматски се склопуваат. Ширината на возилото на тој начин се намалува за вкупно 198 mm. Исто така практично: По зајдисонцето, LED диоди на долната страна ви го осветлуваат патот до вратата на возачот и совозачот.

Повеќе за новиот Multivan

Во еден поглед

Сè што е важно за новиот Multivan на една страница.

Повеќе за новиот Multivan

Врвни карактеристики

Откријте ги врвните карактеристики на новиот Multivan.

Повеќе за врвните карактеристики

Опреми и пакети

Детално за сите опреми и дополнителни функции.

Повеќе за опремите и пакетите

 

Технички податоци

Димензии, конфигурација на седишта, погони - преглед.

Повеќе за димензиите и тежините

Цени и понуди

Откријте ги понудите за Multivan.

Повеќе за понудите

Медијатека

Сакате да видите повеќе за новиот Multivan? Тогаш, посетете ја нашата нова медијатека за Multivan.

Кон медијатеката

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team