Затвори мени

Откријте ја големата слобода

Некои тоа го нарекуваат "страст за патување". Други "страст за авантури". Сеедно како ќе го наречете: Заедно со Grand California задоволете го Вашиот копнеж за непознати места и голема независност. Затоа што California веќе со децении се залага за тоа. Нејзиниот голем брат со целосно опремен дом за одмор сега Ви нуди уште повеќе. Повеќе простор. Повеќе комфор. Повеќе слобода.

Сами создадете си слика од Grand California

Grand кокпит

Чувствувајте се добро и безбедно - без разлика каде

Осамени планински села. Напуштени плажи. Изолирани патеки за пешачење. Возбудливите патувања носат уште поголемо задоволство, кога знаете дека на секое место и во секое време можете да се потпрете на Вашиот партнер за патување. Навигациските системи во Grand California безбедно Ве носат до Вашата цел -  дури кога можеби и самите воопшто не ја знаете. Заедно со соодветна музика и добра забава.

Grand кујна

Ваша најважна состојка: Независност

Свежи морски плодови од соседното село. Сочни портокали од плантажата на планинската стрмнина. Домати, кои мирисаат на југ и сонце. Зошто да брзате до резервирана маса во последен момент, кога најдобрите состојки Ви се толку блиску? Со Вашиот целосно опремен кујнски блок со фрижидер и замрзнувач и простор за сместување ќе уживате во слободата, во секое време сами да подготвувате локални деликатеси. Grand California, grand кујна.

Grand бања

Тргнете свежи во авантура

Итање во темнина до бања или треперење во студени комунални кабини за туширање - радо би се откажале од овој вид авантура? Но не и од Вашето утринско туширање? Добро е тоа што новата Grand California располага со целосна кабина за туширање. Кога со задоволство патувате сами или со партнер, секогаш треба да имате малку удобност.

Grand зона за удобност

Бескрајно во топлина

Слободни улици, осамени заливи, празни места за кампување. Колку е убаво, кога може да се избегне гужвата на туристичката сезона. Патувањето надвор од сезона носи двојно повеќе радост. Благодарение на осмислените системи за греење во Grand California таа радост не се попречува ниту од силен пролетен ветер ниту од ладно есенско утро.

Grand резервоар за вода

Повеќе вода во резервоарот, помалку проблеми

Вистинска слобода е само кога за време на патувањето не мора постојано да се грижите за најблискиот извор на вода. Резервоарот за чиста вода од 110 l и резервоарот за отпадна вода од 90 l овозможуваат - доколку е дозволено - да кампувате настрана од местото за кампување или на средина во слободната природа. И покрај тоа за навремено да дополнувате, двата резервоари се опремени со сензор за ниво на наполнетост. Резервоарот за чиста вода е вграден во внатрешниот простор на возилото со заштита од замрзнување.

Осмислено до најмалиот детаљ

Сонувајте во удобна спална соба. Маѓепсајте со најразлични деликатеси во кујната. Заедно смејте се, разговарајте и јадете во дневната соба. Релаксирано започнете го денот во бањата. А во меѓувреме престојувајте во соба на отворено.

Сите карактеристики

Grand соништа

Назад кон прегледот

Grand соништа

Дома се спие најдобро. Се разбира, тоа важи и за Вашиот нов дом за одмор. Во Grand California нека Ви биде удобно во комфорните задни кревети или опционалниот висок кревет.

Grand дом

Назад кон прегледот

Grand дом

Дома е онаму каде што се Вашите најмили. Едноставно спакувајте се во Grand California и тргнете. Кон слобода. Вашиот дом за одмор нуди доволно место за до 4 лица.

Grand комфор

Назад кон прегледот

Grand комфор

Ноќе читајте ја омилената книга. На плажа изгледајте ја омилената серија до крај. Објавувајте кич фотографии од крајот на светот. Електрониката во Grand California овозможува скоро сè.

Grand забава

Назад кон прегледот

Grand забава

Целта пред очите, омилените песни во ушите. Со Grand California долгите патувања ќе станат чисто задоволство. Одиме!

Grand поддршка

Назад кон прегледот

Grand поддршка

Вие сте единствен член во семејството, кој вози? Веќе не. За тоа Ви помагаат системите за помош на возачот.

Филм за производ

Искусете ги предностите на Grand California.

Start Video

Погледнете го автомобилот Grand California

Кај следните вкупно 16 дилери на Volkswagen Комерцијални возила веќе можете да погледнете Grand California автомобил.

Извонреден перформанс

Победник: новата Grand California

Grand успех за Grand California: При изборот на читатели "Connected Car Award 2018" кој се организираше од COMPUTER BILD и AUTO BILD новата Grand California победи во категоријата "Transporter".

Извор: "AUTO BILD", издание 50/2018

Трето место за Grand California

Во категоријата "Бусови за кампување со бања" новата Grand California според изборот на читателите на списанијата "promobil" и "Caravaning" до освои третото место.

Извор: "promobil", издание 03/2019

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team