Мени
Затвори мени

Crafter Шасија

Разнолик, исто како и Вашите планови

Crafter шасија е толку варијабилен колку што е потребно за Вашите задачи. Volkswagen Комерцијални возила тесно соработува со водечките производители на додатоци и надградби. На тој начин може да се реализираат решенија за возило по Ваша мерка: од возило со ладилник, преку болничко возило, па сè до возила без бариери за луѓе со попреченост. Со нашите возила е можно речиси сè.

Направете самите слика од Crafter шасија

Варијанти на опрема

Погонска технологија

Може да се постават осум степени. И тоа во сите видови погон

Crafter е единственото возило во неговата класа со шест варијанти на погон и менувач. Предниот, задниот или погонот на сите тркала 4MOTION може по избор да се комбинираат со рачен менувач со 6 степени или автоматски менувач со 8 степени. Моќно јадро претставуваат специјално развиените TDI-мотори, коишто се дизајнирани за екстремните предизвици на комерцијалните возила.

Погоден за во град

Релаксирано по пат

На непрегледни градилишта и тесни шумски патеки или при силни ветришта на автопат: во Crafter шасија, бројни иновативни системи за помош и безбедносни системи Ви помагаат кога ќе загусти. На тој начин, на дестинацијата ќе пристигнете сигурно и пред сè релаксирано.

Индивидуални додатоци

Совршено подготвени речиси за сè

За работните налози да се одвиваат совршено, потребна Ви е вистинската опрема. Тука спаѓа и возилото коешто е оптимално приспособено на Вашите барања. Таков е Crafter шасија. Тој на флексибилен начин може да се претвори во ладилник, возило за интервенции или влечно возило. А благодарение на неговата мала сопствена тежина, погоден е и за тешки додатоци.

Дознајте повеќе

Најдобро работно место за возачот

Кокпитот, канцеларијата и просторијата за пауза Ви се секогаш тука

Поголемиот дел од работниот ден го поминувате на пат? Тогаш Вашето возило не е само превозно средство. Тоа е местото каде што ги сортирате документите, договарате термини, го полните Вашиот мобилен телефон или правите пауза за ручек. Со бројни површини за сместување и приклучоци, опционално амортизирано ergoComfort седиште и по желба достапен повеќефункциски кожен управувач што се загрева, Crafter шасија е подготвен за сè.

Најдобро поврзани

Информирани во секое време. Никогаш досадно.

При вообичаениот работен ден, честопати прилично долго време се поминува на пат. Се вози од една работна задача до друга, во меѓувреме мора назад во магацин, па потоа во продавница по резервни делови. Притоа многу е важно да имате информации за сè. Благодарение на интегрираниот интерфејс за мобилниот систем за управување со возен парк "Connected Van" и онлајн услугите "Car-Net", во Crafter шасија сте скоро секогаш информирани со најактуелните информации и добро разонодени.

Осмислен до секој детаљ

Сите карактеристики

Разновидни варијанти

Назад кон прегледот

Разновидни варијанти

Единечна или двојна кабина, различни меѓуоскини растојанија, три видови погон: Crafter шасија одушевува со бројните варијанти.

Екстериер

Назад кон прегледот

Екстериер

Од различните решенија за светло и видливост, преку различните опреми за приколка, па сè до пристапни скалила, Crafter шасија има многу да понуди.

Ентериер

Назад кон прегледот

Ентериер

Извонредниот комфор и осмислениот концепт на прегради поставуваат нови стандарди во класата на големите транспортери.

Функција

Назад кон прегледот

Функција

Во Crafter шасија, не само што сте по цел ден сигурни по пат, туку сте и најдобро информирани и разонодени.

Систем за помош

Назад кон прегледот

Систем за помош

Иновативните системи за помош на возачот и интелигентните безбедносни системи предикативно ги совладуваат опасните ситуации.

Информативен материјал за Crafter Шасија

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team